Бритни Спирс ВО СТРАВ! Донесе одлука со која ќе разочара милиони обожаватели!

12 ноември, 2020
f225a462-5ff2-405d-8d6f-cab546249e00

БРТИНИ СПИРС ја изгуби битката на суд во која се обиде да се ослободи од контролата што ја има нејзиниот татко Џејмс Спирс над нејзиниот живот. Инаку, нејзиниот татко го презеде старателството над неа по нервниот слом што го доживеа пред јавноста пред 12 години.

Овој вторник судијката Бренда Пени го одби нејзиното барање за независност и нејзиниот адвокат Самуел Д. Ингам Трети. откри дека пејачката последователно се откажала од понатамошни настапи се додека нејзиниот татко имал контрола над неа.

“Мојата клиентка ми рече дека се плаши од нејзиниот татко. Ми рече дека нема да настапува повторно се додека тој ја контролира нејзината кариера”, рече тој. Фановите на Бритни Спирс го започнаа движењето #FreeBritney на социјалните мрежи, заговарајќи ја пејачката конечно да започне да управува со сопствениот живот. Пејачката се обиде да негира дека нејзиниот татко ја чувал во затвор.

“Овие теоретичари на заговор немаат идеја. Судот во Калифорнија ќе одлучи што е најдобро за мојата ќерка. Морам да го пријавувам на суд секој долар што ќе го потрошам. Како би можел да украдам нешто? Луѓето ни се закануваат со смрт. Не сакаме такви обожаватели. Јас ја сакам мојата ќерка и сите мои деца “, рече Џејми

escort - Korsan taksi