Бруклин Бекам и Никола Пелц нема да го поминат својот прв Божиќ заедно!

24 декември, 2020
бекам

За најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, ова требаше да биде еден од најсреќните Божиќни празници досега, но ситуацијата со новиот вид на вирус во Велика Британија целосно ги наруши неговите планови.

Бруклин Бекам нема да ги помине празниците со својата сакана свршеница Никол Пелц поради забраната за влез на странски државјани на островот.
Ова би бил нивниот прв Божиќ заедно како свршеници, а планот беше да го поминат во семејниот имот Бекам во Котсволдс. Во последните денови, ситуацијата нагло се смени за Никол Пелц и Бруклин Бекам. Нов вид на корона вирус откриен во Велика Британија веќе некое време целосно го парализира островот.

Постои строг карантин и забрана за движење и влез во земјата. Како резултат, 25-годишната Американка нема можност да го достигне својот вереник, со кого е во врска од октомври минатата година.

escort - Korsan taksi