Бруклин Бекам и Никола Пелц за прв пат забележани во јавностa во Италија по објавувањето на свршувачката!

20 јули, 20200
Annotation 2020-07-19 213619

Бруклин Бекам и Никола Пелц беа забележани за прв пат по објавувањето на свршувачката.Бруклин (21) и неговата вереница (25) моментно престојуваат во вила во Борго Игназија во Пуглиа, Италија, која претходно ја сметале за потенцијално место за венчавка, според извештаите.На парот им се придружија родителите на Бруклин, Дејвид и Викторија, како и браќата и сестрите Ромео, Круз и Харпер.

Откако пристигнаа во Италија во понеделникот, групата уживаше во посетата на јужно-италијанскиот регион – познат по своите впечатливи варосани ридски градови, фарми кои се стари со векови и Медитеранското крајбрежје.Бруклин за време на шетањето носеше во бела маица со принт ,темни шорцеви и патики, а и Никола се реши за подеднакво обичен изглед, носеше обичен сив џемпер со долги ракави, црни памучни панталони и апостолки.Неодамна беше објавено дека двојката планирала еврејска свадба, a неговото семејство е подготвено да издвои милиони за свадбата.

Се смета дека Бруклин и Никола планираат да потрошат 4 милиони фунти на две различни церемонии за да го обележат нивниот брак во 2021 година.А, двојката се најверојатно ќе живее во Америка по свадбата. Тие, наводно, веќе дале 19 милиони фунти на пентхаус во Мајами. Исто така и таткото на Никола сака да помогне со финансискиот дел на свадбата.На оваа вест,имаше коментар поранешната девојка на Бруклин, Лекси Пантера која тврди дека тој е „премногу незрел да се ожени“. 30-годишната танчарка, која беше во врска со Бруклин една година, зборуваше за тоа дека веста за свршувачката ја шокирала и призна дека има во врска со оваа работа.Таа изјави за The Sun: “Бев прилично шокирана и збунета кога слушнав дека се свршил. Никој не го очекуваше ова и искрено, Бруклин не е подготвен за тоа. Тој е многу млад и премногу незрел.Тој се заљубува постојано во нови девојки.Нема постојаност во неговите односи. Тој има нова девојка секој месец, па е изненадувачки што решил да го стори ова.”

Бруклин ја објави својата свршувачка со Никола минатата недела на Инстаграм.Споделувајќи прекрасна слика, тој напиша: „Пред две седмици, ја прашав мојата душичка дали сака да се омажи за мене и таа рече да, јас сум најсреќниот човек на светот. Ветувам дека ќе бидам најдобриот сопруг и најдобриот татко еден ден. Те сакам бебе.’ Во четвртокот беше откриено дека вредноста на прстенот што Бруклин и го купил на Никола се проценува на 350.000 фунти.

Никола за прв пат го откри својот блескав нов прстен во објава на Инстаграм, а Бруклин ја покажа неговата љубов кон нејзе уште еднаш. Во фотографијата,раката на Бруклин беше на половината на Никола, а нејзината рака беше на неговиот образ.Никола изгледаше зачудувачки добро во  жолт фустан , додека Бруклин изгледаше убаво во дводелен костум. Бруклин и Никола споделија идентични слики на своите страници на Инстаграм, и ѕвездата на Бејтс Мотел призна дека се чувствува како „најсреќната девојка на светот“.Таа напиша: Ти ме  направи најсреќната девојка на светот. Не можам да дочекам да го поминам остатокот од мојот живот до тебе. Твојата љубов е најскапоцениот подарок. Те сакам многу љубов и и благодарам на Харпер за оваа слика.

Извори тврдат дека малата сестра на Бруклин, Харпер (9), ќе биде „главна невестинска слугинка“, додека неговите браќа Ромео (17) и Круз (15) ќе бидат „помошници“.За Викторија, која има нето во вредност од 335 милиони фунти заедно со сопругот Дејвид, се шпекулира дека ќе ја дизајнира венчаницата на Никола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi