Брус Вилис и Деми Мур беа најпопуларниот холивудски пар во 90-тите, но бракот сепак не траеше долго

21 ноември, 2020
pxl-101109-1002_Fo66CJb

По разводот во 2000 година, тие останаа во добри односи. Брус и Деми Мур тогаш рекоа дека нивните деца им се приоритет, а времето покажа дека не било само клише.

Брус Вилис (65) и Деми Мур (58) се запознаа во 1987 година на премиерата на филмот „Ambush“, а истата година на 21 ноември тие се венчаа. За време на нивниот брак, двајцата цветаа на деловно поле и беа едни од најпосакуваните и најплатените актери во индустријата.

Разводот беше објавен во јавноста во 1998 година и финализиран во 2000 година. За време на нивниот 13-годишен брак, тие беа еден од најгламурозните парови во Холивуд, а по разводот во 2000 година, тие останаа во добри односи. Брус и Деми Мур тогаш изјавија дека нивните деца им се приоритет.

Во јавноста даваат впечаток дека тоа е така и денес. Честитки од неговите ќерки, како и од поранешната сопруга Деми, пристигнаа на адресата на актерот на неговиот последен роденден. Поранешната холивудска брачна двојка има три ќерки; Румер (31), Скаут (28) и Талула (26) и токму за нив емотивната Деми реши јавно да му се заблагодари на својот поранешен сопруг.

– Среќен роденден Брус! Ти благодарам за трите најголеми подароци во мојот живот – напишала актерката и објавила семејна фотографија од 90-тите, која развеселила многу нивни обожаватели и докажала дека денес нема лоша крв меѓу нив, иако не се во брак, како што обично велат, „сè додека смртта не ги раздели“.