12 јули, 2020

Цеца Ражњатовиќ вели дека единствено Вук Костиќ може да го глуми нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражњатовиќ – Аркан.

„Вук е мој пријател и мислам дека тој одлично ќе го долови темпераментот и карактерот на Аркан. Тој е многу талентиран и сигурно добро ќе се справи со улогата. Но не би се бунела и доколку може Бред Пит да ја игра улогата“ – изјавила Цеца и додала:

„Од постарите глумци мислам дека Бранислав Леџиќ добро би се снашол во улогата. Лека го познаваше Аркан, се дружеа па поради тоа лесно ќе му биде да влезе во ликот.“

Пеачката конечно дозволи да се снима филм за Аркан бидејќи долго време беше против тоа.

„Невкусно е да се снима филм за некој кој повеќе не е меѓу живите. Мртвите усти не говорат. Не очекувам дека ликот и делото на мојот сопруг ќе биде прикажано во добро светло и затоа не го подржувам тоа“ – рекла Ражњатовиќ.

Инаку целата фама околу тоа кој ќе го оживее Аркан на филмското платно започна после изјавата на Милош Билковиќ дека би ја прифатил улогата доколку се снима филм за Аркан, во емисијата „Амиџи Шоу“.

Остави коментар

Почетна // Sun Story // Цеца одлучи кој ќе го глуми Аркан
Горе