Цеца се јави!

12 јуни, 20200
ceca

По веста која се прошири со брзина на светлината дека Светлана Ражнатовиќ- Цеца е позитивна на Ковид-19, се создаде вистинска паника меѓу нејзините роднини и пријатели кои присуствуваа на прославите во чест на раѓањето на нејзиниот прв внук, a од каде започнало сè !

Освен Цеца, позитивен е и нејзиниот син Вељко, а сите останати биле подложени на тестирање за да се утврди кој сè е заразен со вирусот кој се претпоставува дека е раширен од долгогодишниот пријател и фризер на Цеца и нејзината ќерка Анастасија.

Испровоцирана од коментарите, јавувањата и пишувањата од страна на медиумите, Цеца на нејзиниот Инстаграм профил се јави со видео порака во која замолува за приватност и да не се крева паника. Таа исто така вели дека е во одлична состојба и дека нема никакви симптоми. Им порача на граѓаните да не се плашат бидејќи вирусот е ослабен.

Таа и Вељко остануваат во изолација.

https://www.instagram.com/p/CBVjX-6DYNE/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *