Цела е обвиена во КРВ: Роднината на Мајкл Џексон ИЗБОДЕНА пред својата куќа (ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА)

17 јуни, 2020
Annotation 2020-06-17 191738

Соседката ја нападнала извикувајќи “црнчуго”.

Внуката на покојниот Мајкл Џексон, Јасмин Џексон, на инстаграм сподели драматични фотографии на кои главата и е облиена во крв откако непозната жена и нанела седум убоди со нож нарекувајќи ја “црнчуга”.

“Боже, заштити ги нашите црни кралици. Ова се чудни времиња и потребен си ни повеќе од било кога”, напиша со една фотографија.

https://www.instagram.com/p/B3uKMfrHP1R/?utm_source=ig_embed

“Убодена сум седум пати пред сопствената куќа ‘бидејќи сум црнчуга’. Таа жена потрча по мене и почна да ме боде. Рече дека го прави тоа бидејќи сум црнчуга, тоа е се што слушнав додека ме повредуваше. Не можам да го мрдам вратот и се плашам да останам сама. Викам помош додека ме бодеше, но никој не ми помогна. Покасно неколку луѓе ми пружија помош и благодарна сум им поради тоа. Го молам Бога, дека доколку имате некаква омраза во срцето спрема црнците ќе ја излечите. Не го заслужив ова, никој не го заслужил. И да сеуште сум горда што сум црнкиња”, напиша.

Нападот се случил на 30 мај во Лас Вегас, а полицијата ја уапсила 22-годишната Анџела Бонел која сега е обвинета за злочин од омраза и обид за убиство.

https://www.instagram.com/p/CBAgsanHerQ/?utm_source=ig_embed

Медиумите пренесуваат дека напаѓачката е Јасминина соседка, а таа опишала како изгледал нападот.

“Пријателката и јас бевме надвор и разговаравме кога одеднаш се појави таа, почна да трча низ скалите и ја прескокна оградата. Потоа почна да трча кон нас. Се разделивме, а јас додека трчав добив напад на астма. Замолив двајца мажи да ми помогнат, но не го сторија тоа. Луѓето снимаа што се случува но не ми помогнаа. Кога ме фати, го извади ножот и почна да ме боде. Крварев и се обидував да се борам. На крајот неколку луѓе почнаа да и викаат, а еден маж ја оттргна. Тогаш дојде полицијата и ја уапси”, раскажа Јасмин. 

Мајката на Јасмин е ќерка на Џо Џексон, таткото на Мајкл.