Целиот Свет се обидува да открие дали на фотографијата е познатата убавица: Ако е така – илјадници луѓе ќе слават

30 октомври, 2020
kourtney-kardashian-scott-disick-1-830x0

Поранешниот славен пар се смири?

Американската ријалити sвезда Кортни Кардашијан (41) и нејзиниот поранешен партнер со кој има три деца Скот Дисик (37) моментално се наоѓаат на приватен остров, кој нејзината сестра Ким Кардашијан го изнајми за да го прослави 40-от роденден и ги собра најблиските членови на семејството кои ги има многу.

Имено, тие двајца со своите деца и останатото семејство уживаат во прекрасните тропски плажи, кристално чистото и сино море, како и плажите со бел песок, а сега и двајцата објавија заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Прво, Кортни објави две селфи фотографии на кои се гледа како двајцата уживаат во слободното време и возејќи велосипед, а потоа пет часа подоцна, Скот објави фотографија која сите повторно и повторно ја зумираат, за да видат кој е веднаш до него.

На фотографијата се гледа прекрасно зајдисонце и Скот како гушка женска личност, а сите се прашуваат дали тоа е неговата поранешна љубов Кортни или нивната заедничка ќерка Пенелопе.

Описот на објавата ги натера сите да помислат дека е Кортни, па сега фановите хистерично навиваат двајцата да се смират и пишуваат коментари за поддршка.

– Ги вежбам моите ноќни движења – пишуваше во описот, на што Кортни одговори со смајли кое плаче од среќа, а со тоа само дополнително ја разгоре желбата на обожавателите дека таа е на сликата.