Да не ја заборавиме љубовта во овие тешки времиња..како и јазиците кои ќе ги видиме во спотот на порториканскиот рапер

15 мај, 2020
mesi

Со месеци наназад се бориме против невидливиот непријател и секојдневно слушаме тажни вести од земјава, Европа, Америка, но сепак има и убави вести.

Периодов уметници се трудат да ни го направам карантинот и самоизолацијата поиздржливи, читаме за хуманоста на спортистите, за холивудските ѕвезди кои донираат храна за медицинскиот персонал и многу други убави гестови.

Сега малку и за љубовта.

Порториканскиот рапер Residente сними спот со кој сака да не потсети на љубовта преку бакнувањето. За спотот се искористени парови низ светот кои се бакнуваат, а еден од нив е и Лионел Меси со својата сопруга Антонела (во втората минута од видео записот) и неговиот сонародник и фудбалер Дибала со својата поубава половина.