Да немам сопруга, би се убил!

4 јуни, 20200
Screenshot_2020-06-04 Mike Tyson ( miketyson) • Instagram photos and videos

Каде е МајкТајсон (53) таму има проблеми. Му одгриза дел од уво на противникот, ги навредува соговорниците, одлежа 3 години во затвор поради силување… А кога ќе седне спроти микрофон тогаш следи хит по хит..

Тој веќе неколку месеци сериозно тренира и се подготвува за својот голем камбек. Многу се надеваат дека ќе боксува против Ивандер Холифилд, неговиот вечен ривал. Тој многу не се секира за тоа бидејќи без разлика на противникот тој ќе ужива во новите милиони.

„Без сопруга јас сум диво животно. Како што старееме поинаку гледаме на жените. Кога бев млад ги гледав само како задоволство, но сега кога сум постар ги ценам и ги сметам како подобра половина. Сопругата ме потсетува дека сум маж. Во оваа фаза на животот таа е мојата учителка“ – рекол боксерот, кој од 2009 година е во брак со Лакија Спицер со која има три деца, а во брак бил и со Робин Гивенс и Моника Тарнер.

Тајсон со години живее бурен живот кој се состои од бокс, забава, алкохол па и дрога. Тоа и го одбележи крајот на неговата кариера, а поради својот животен стил на крајот и банкротира. Но тогаш во неговиот живот се појавила Лакија и тој се препородил, застанал на нозе и повторно стана милионер.

„Ако мажот ни малку не се плаши од својата сопруга тогаш не го живее животот како што треба. Поради тоа три пати се женев, бидејќи не можам да живеам без нив. Да немам сопруга би се убил и тоа сериозно го кажувам. Ако некогаш останам без неа, веднаш ќе се убијам. Потребен ми е некој кого ќе слушам. Јас сум војник и не размислувам со својата глава. Треба некој тоа да го прави за мене бидејќи знам каков сум“ – искрено го завршил разговорот пензионираниот шампион во тешка категорија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *