Да ви платaт 1.000 евра ако ги кажете презимињата на членовите на кралското семејство, дали би ги знаеле?

12 ноември, 2020
tan2019-12-21231475112-830x0

Интересна приказна за презимето на британското кралско семејство

Дали некогаш сте се запрашале кое презиме го носи британското кралско семејство или дали членовите на семејството воопшто имаат презиме?

Ако е така, за жал, одговорот на вашето прашање не е толку едноставен.

Имено, пред 1917 година, членовите на британското кралско семејство немале презиме, туку само име на куќата или династијата на која ѝ припаѓале, како што е Тудор.

Кралевите и принцовите биле историски познати по имињата на државите со кои управувале тие и нивните семејства, но се потпишувале само со свое име. Во 1917 година, британскиот крал Џорџ Петти одлучи да го смени името на својата куќа од Саксобурготски-Гота во Виндзор, по еден од замоците што ги поседуваа, бидејќи во екот на Првата светска војна тој не сакаше да има никаква врска со германското потекло.

Потоа тој не само што го смени името на династијата, туку Виндзор стана и официјално презиме на кралското семејство.

Кралицата Елизабета Втора е толку препознатлива што не е потребно да се претставува со име и презиме. Сепак, од време на време, членовите на кралското семејство користеле различни презимиња, на пример на училиште или за време на воената служба.

Кога принцезата Елизабета Втора се омажи за Филип Маунтбатен во 1947 година, го зеде неговото презиме и кога беше крунисана за кралица, на нејзиното презиме го додаде името на нејзиниот татко Виндзор, за да ги разликува нивните потомци од остатокот на кралската линија. Ретко кој знае дека името на британската кралица Елизабета Втора е Монтбатен Виндзор.

Ќерката на кралицата, принцезата Ана, го користеше презимето Монтбатен Виндзор.

За време на нивната воена служба, принцовите Вилијам и Хари го користеа презимето Велс според титулата на нивниот татко Принц од Велс, но членовите на кралското семејство не се обврзани да го користат презимето.

Децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, односно принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, го користат само своето име и титула.

escort - Korsan taksi