Дали доволно се познавате? Ние ви нудиме 7 совети како да почнете повеќе да се сакате самите себе

4 јуни, 2020
believe-in-yourself-and-you-will-find-the-true-you-text-is-an-impact-label-design-hba-happy-brad-apparel

Не постои личност којашто нема проблеми, но наша задача е да научиме како да се носиме со нив.

Самосвесните луѓе се поотпорни и посамоуверени. Ги знаат своите можности и ограничувања, своите предности, но и своите маани.

Доколку не се познавате самите себе доволно, со помош на овие 7 совети можете да го направите тоа.

  • Преиспитајте се – Често веруваме дека луѓето добиваат погрешна слика за нас, иако тоа понекогаш може да биде вистина. Нашите најблиски гледаат работи коишто ние не можеме да ги видиме. Значи, првата работа од нашето самозапознавање е добивањето на искрени повратни информации од луѓето околу нас.

  • Oбидете се да бидете објективни – Кога ќе погрешиме, нашиот мозок не тера да ги заборавиме тие моменти за да се чуствуваме подобро. Една навика којашто може да ја неутрализира оваа деструктивна тенденција е да се фокусираме што е можно помалку на нашето лошо однесување. На пример, не би требало во глобала да проценувате дали сте лоши или добри возачи. Наместо тоа, израчунајте колку пати пројдовте на црвено.

  • Намалете ги фикцијата, филмовите и тематските песни – Премногу фикција и фантазија можат да ве доведат до однесување какво што имаат хероите или негативците во филмот. Бегањето од реалноста е терапевтски во ред, но само кога е во мали мерки.

  • Не им верувајте на поп психолозите – Науката речиси воопшто не ги поддржува тврдењата коишто  ги нуди популарната психологија.

  • Верувајте во подобро утре – Потребна е постојана надеж дека сè ќе биде во ред, без оглед на тоа колку реалноста изгледа лошо во овој момент.

  • Научете молитва – Истражувањата велат дека молитвата може да не доведе до поголема благосостојба.  

  • Немојте да тврдите дека сте експерт – Вистинските научници и професионалци ретко зборуваат за она што го знаат  со сигурност. Наместо тоа, тие повеќе се заинтересирани за она што не го знаат и се трудат да дознаат што е можно повеќе.