Дали новата книга ќе ја открие вистинската вистина за конфликтот помеѓу Вилијам и Хари?

14 јули, 2020
gfc

Биографот Роберт Лејси, кој работел како историски советник за хит серијата на Нетфликс „The Crown“, како и автор на „Majesty’“, има напишано нова книга наречена „Battle of Brothers: William and Harry – the Friendship and the Feuds“ која треба да ја види светлината на денот во октомври. Во неа, тој се занимава со односот меѓу двајцата браќа, но и нивниот конфликт, поради што, во последните 18 месеци, Вилијам и Хари целосно ја разладиле својата врска.

Како што рече самиот автор на книгата, тој бил запрепастен, но и на работ на солзи, од новите детали за кавгата што ја добил додека истражувал сè што е потребно за приказната. Според него, нивниот конфликт бил резултат и на наследството на престолот, но и на влијанието на нивните сопруги, Кејт Мидлтон и Меган Маркл. Книгата треба дополнително да објасни зошто Сасекс решил да го напушти кралското семејство и да се пресели во Лос Анџелес со нивниот едногодишен син Арчи.


‘На моменти ме оставаше запрепастен, а понекогаш и на работ на солзи заради неверојатните нови детали што ги открив додека ја истражував приказната за семејниот конфликт. Подеднакво беше волшебно, но и болно да се следи оваа драма преку сеќавањата на блиски сведоци и некои луѓе кои беа вклучени во сè.


Иако за време на овој карантин поради пандемијата на коронавирус, браќата наводно комуницирале преку апликацијата „Зум“, сето тоа е само обично исполнување на обврските со цел да се ублажи реалната состојба на работите до одреден степен, барем за јавноста.