ДАЛИ ОВОЈ ПРОФИЛ ВИ ЛАЈКНУВАЛ ФОТОГРАФИИ? Принцот Хари имал таен профил на инстаграм, еве како се викал

28 јули, 2020
Annotation 2020-07-28 173146

Еден од најпознатите парови на светот се лајкнувал како цел нормален свет на почетокот на врската, но принцот се криел позади профил со интересно име.

Принцот Хари наводно имал профил на социјалната мрежа инстаграм во времето кога штотуку ја почнувал врската со Меган Маркл, тогаш глумица во успон, денеска негова сопруга и војвотка од Сасекс.

Наводно Принцот Хари имал профил за да ја следи својата нова девојка, се тврди во книгата за животот на принцот Finding Freedom, од Орнид Скуби и Керолин Дјуранд. Меган Маркл, која во тоа време ги обожавала социјалните мрежи и имала свој блог The Tig, во одреден момент го следела профилот наречен @SoujeyMau5. Зад него, како што велат, стоел принцот Хари.

<p>Jedan od najpoznatijih parova na svetu "lajkovao" se kao sav normalan svet na početku veze, ali se princ skrivao iza naloga zanimljivog imena</p>

Помладиот син на принцот Чарлс и лејди Ди го одбрал ова име инспириран од псевдонимот на својот омилен ди-џеј – во прашање е познатиот DeadMau5, а на профилната фотографија имал цртеж на кацига во облик на глушец. Како што се додава во споменатата книга, ист бил и случајот со тајниот фејсбук профил на Хари, кој го користел со години.  

Понатаму се наведува дека парот се зажубил на прв поглед, како и дека прв пат заедно излегле во Сохо, каде вработените од еден ресторан им дозволиле да го користат задниот влез за да не бидат забележани заедно. Истакнато е и дека се вериле два месеци пред светот да чуе за тоа, и тоа додека подготвувале пилешко за вечера.

<p>Jedan od najpoznatijih parova na svetu "lajkovao" se kao sav normalan svet na početku veze, ali se princ skrivao iza naloga zanimljivog imena</p>

Портпаролот на војводата од Сасекс сеуште не се огласил во врска со оваа книга.