Дали парализата на сонот е пореметување или натприроден феномен?

13 мај, 20200
сон

Мозокот ви е буден, но телото не, тоа е најблиската рационална дефиниција за парализа на сонот. Се наоѓате меѓу јаве и сон. Имате чувство како нешто да ве притиска на градниот кош, не можете да дишите, гледате силуети или суштества…

Иако ова звучи како хорор филм, навистина се случува кај многу луѓе.

Парализата на сонот нема никаква врска со паранормална активност, не е дека го губите разумот, но може да биде реална и застрашувачка доколку се повторува.

Парализата на сонот ни се случува пред да заспиеме, или веднаш по будењето. Телото е комплетно парализирано, додека очите се подвижни. Вие сте потполно будни и свесни, но немоќни околу она што ви се случува.

Што е парализа на сонот?

Постојат неколку фази во сонот: почнува од фаза 1, па преминува во 2, 3, 4, се додека не влеземе во РЕМ фазата. За парализа на сонот најважна е РЕМ фазата, бидејќи во оваа фаза се јавуваат соновите.

Но некогаш се случува РЕМ фазата да почне додека сме уште будни, односно, додека мозокот е активен, а телото е парализирано.

Експертите велат дека ова е многу честа и нормална појава. Причина за парализа на сонот најчесто е стрес, чести промени на рутината на животот, но може да се случи и заради пореметување на сонот или нарколепсија.

Доколку ви се случи парализа на сонот, најдобар начин да го решите е во себе да си повторувате дека тоа не е реално и дека набрзо ќе помине.

Но доколку ви се случува често и ви предизвикува големи проблеми, треба да се јавите на лекар за соодветна терапија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi