Дали постои нешто повеќе од пријателство помеѓу нив две? Тие сѐ почесто разменуваат нежности и прегратки

2 август, 2020
kaia-gerber

Каја Гербер и Кара Делевингн објавија интересна заедничка фотографија на социјалните мрежи и предизвикаа низа гласини за врската.

Младата манекенка и ќерка на супермоделот Синди Крафорд, 18-годишната Каја Гербер објави фотографија на социјалните мрежи на која таа и 27-годишната манекенка Кара Делевингн позираат како облекле еден џемпер заедно, со што предизвикуваат гласини дека помеѓу нив постои нешто повеќе од пријателство.

Тие две во последно време се почесто излегуваат заедно во јавноста разменувајќи нежност, прегратки и привлекуваат многу внимание, па многумина претпоставуваат дека девојките започнале емотивна врска.

„Ни се допаѓа нашиот кардиган“, напиша Каја покрај објавената фотографија.

Девојките, исто така, поминуваа време заедно во карантин за коронавирус, а беа забележани и на протести во Лос Анџелес.

View this post on Instagram

#StayHome #StayHome #StayHome

A post shared by Cara Delevingne (@caradelevingne) on

До пред неколку месеци, Кара беше во врска со актерката од серијата „Pretty Little Liars“ Ешли Бенсон, која сега е во врска со славен рапер. Каја, исто така, беше во врска со проблематичниот комичар Пит Дејвидсон, од кој се раздели минатиот декември.

„Излегувавме неколку месеци. Таа е многу млада, а јас во моментов минувам низ некои ср*** и тоа беше пред да одам на рехабилитација. Мислам дека таа треба да се забавува сега, да не се грижи за проблемите на другите луѓе. Таа исто така треба да ужива во својата работа “, рече Пит, кој не беше баш одобрен од нејзините родители.