Дали се враќа Хана Монтана? Мајли Сајрус вели – Да

19 август, 2020
hana montana

Иако во еден момент од нејзината кариера се чинеше дека ставила точка на Хана Монтана, се чини дека Мајли Сајрус сепак сака да се најде во улогата што ја направи позната.Во интервјуто што го даде во петокот, по повод објавувањето на новиот сингл „Midnight Sky“, таа откри дека Хана Монтана ќе се врати.

„Искрено, цело време се обидувам да ја ставам таа перика на главата“, рече таа на радио.

„Перика е во подрум, собира прашина, но јас сум подготвена да ја извадам. Можноста ќе дојде сама по себе. Дефинитивно би сакала повторно да ја оживеам “, продолжи Мајли и додаде дека Хана денес треба да има сосема поинаков изглед.

„Таа е заглавена во 2008 година, па ќе мораме да одиме на шопинг. И да, би сакала повторно да ја снимам серијата. Мислам дека ќе биде тешко да се помине многу време на снимање, но во иднина се гледам себеси на снимање, но и како режисер “, објасни таа.