Дали сте слушнале за новиот вознемирувачки тренд за запознавање “Whelming” ?

18 мај, 20200
seks-ljubav-veza-horoskop-getty-1-768x526

И таман кога мислевме дека ерата на романтика изумира, дека запознавањето на дечко или девојка како што тоа се случува случајно на филмовите веќе не постои (бидејќи кој ќе го забележи минувачот на улица дури и да се сврти по нас…мобилниот е поважен), доаѓа нов тренд за онлајн запознавање.

Како што наведуваат некои официјални истражувања, 40 проценти од светската популација користи или барем еднаш има искористено онлајн сервис за состанување (во ова спаѓаат апликации, мрежи и сајтови). Секако, малку се оние кои тоа ќе го признаат.

Многумина, преку ваквиот тип на апликации успеваат да ги најдат своите идни партнери, но зад успешната приказна на запознавањето, се кријат и некои негативни трендови. После ghosting (кога од сред ведро небо некој буквално престанува да одговара на пораки и повици), се појавува и whelming.

Whelming е новиот вознемирувачки тренд на запознавање кој се чини привлечен и атрактивен. Ова се постигнува на начин што на вашиот потенцијален партнер му ставате до знаење дека не е единствена личност која ја разгледувате, дури и ако тоа не е вистина. Баш тоа ќе ве направи многу повеќе посакувани.

Како да дознаете дали сте жртва на овој тренд?

“Извини, се допишувам со толку многу луѓе што не успевам на сите веднаш да им одговорам” – е само една од речениците која може да ви наговести дека се допишувате со некој кој го користи овој трик. Дури и збунувачка порака која нема врска со темата за која сте зборувале може да сигнализира whelming: “Извини, ова требаше да оди на друго место”. Баш ваквите реченици имаат за цел да ве поттикнат повеќе да се потрудите околу некого, бидејќи наводно, не сте само вие во игра.

Whelming се споредува со многу стари и познати начини на манипулирање и претставува само модерна верзија на нив.

Бидете во тек – речник за сајбер забавување

Orbiting – раскинавте но не ти излегува од news feed, го коментира секој твој пост, се појавува на места каде знае дека ќе те види и одржува контакт со твојот најблизок круг на пријатели.

Pocketing – термин кој ја доловува суровата вистина дека оној со кој што си, не смета дека треба да те запознае со родителите и друштвото, но сепак те држи како опција.

Benching – овој израз е прилагоден на спортската терминологија и означува дека некој е “на клупа” додека другата страна не одлучи дали сака врска или не.

Side Barring – ова ја опишува личноста која на состанок не го испушта телефонот од раце, правејќи да се чувствуваш како да зборуваш сам со себе.

Prowling – врвни манипулатори кои се појавуваат и исчезнуваат од твојот живот во интервали, како емотивни предатори кои доаѓаат да ги измешат конците кои после раскинувањето пробуваш да ги средиш и да продолжиш понатаму.

Zombie-ing – кога “дух” (бивши) ќе се врати во твојот живот како никогаш ништо и да не се случило.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi