Даска на дување која ќе ве направи најголема фаца на плажа

2 мај, 20200
даска

Kако резултат на напредокот на технологијата, даските на дување скоро ги заменија обичните, цврсти даски. Ако сте навикнати на тврда даска, супер е тоа што можете да ги испумпувате до иста цврстина, подеднакво можат да уживаат професионалци, како и аматери.

Некогаш на плажа носевме душек , дувајќи го додека не сме го потрошиле целиот капацитет на белите дробови. Тоа беа убави времиња, затоа што нема подобро чувство, после тој напор да се разладиме и да испловиме…

Даските на дување се доста популарни последниве години, а Red Paddle Co9’6“ Compact, се едни од најдобрите во понудата, но дури и ако купите друг, нема да згрешите.

Со даската ќе добиете пумпа и весло, и прекрасно е што се вклопува во ранец што ќе го ставите на грб, седнете на велосипедот и ќе се упатите кон првата плажа. Со својот модерен дизајн, гарантира дека ќе изнервира оние што не можат да си го дозволат. Ова е проблем, затоа што колку и да е добра даската, цената од околу 1000 евра не звучи добро. Но, секогаш можете да фатите некои попусти, дури и ако ја купите на крајот на летото, па да веслате наредна година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi