Де Ниро поради финансиската криза и ги намали лимитот за трошоци на поранешната сопруга

12 јули, 20200
дфдгдфгд

Тој откри дека неговата сегашна лоша финансиска состојба е погодена од епидемијата на коронавирус, а тој го открил сето тоа на суд откако неговата поранешна сопруга побарала зголемување на нејзиниот месечен лимит на картичката, пишува „PageSix“.

Поточно, сето тоа започна откако адвокатот на поранешната сопруга на Роберт, Грејс, поднесе тужба на суд дека актерот неправедно и го намалил месечниот лимит за дури 50.000 долари. По оваа жалба, се појави и адвокатот на Де Ниро, кој му објасни на судот зошто актерот бил принуден да ги намали трошоците на Грејс. Тој се наоѓа во лоша финансиска состојба поради пандемијата на коронавирус, бидејќи синџирите на ресторанот во кој имал удел се затворени со месеци. Адвокатот на Де Ниро му објаснил на судијата и доставил документација во која може да се види дека актерот изгубил три милиони долари во април, а скоро два милиони во мај. Тој, исто така, имаше некои дополнителни трошоци кон инвеститорите, а за да ги исплати, мораше да се задолжува од деловните партнери.


„Не верувам во приказната за тоа како маж, чијашто вредност се проценува на 500 милиони долари и заработува 30 милиони долари годишно, одеднаш мора да ги намали трошоците на својата поранешна за 50 проценти“, смета нејзиниот адвокат. Патем, Роберт и Грејс беа во брак скоро дваесет години, од 1997 до 2018 година, и заедно имаат две деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *