Дејвид Гета организираше хуманитарен концерт во Њу Јорк за помош од коронавирус пандемијата

31 мај, 2020
imageedit_50_6173056423

Дејвид Гета ја донесе најголемата забава од „Top of the Rock“ директно во домовите на неговите фанови преку неговиот стрим, #ЗаедноДомаЊујорк.

Заедно со градоначалникот на Њу Јорк, Бил Де Блазио и првата жена Ширлан МекГреј, францускиот диџеј пушташе музика од врвот на Рокфелер центарот да помогне да се донираат пари за Градоначалничкиот фонд за унапредување на Њу Јорк, и други хуманитарни цели поврзани со корона вирусот.

Гета го започна концертот велејќи дека иако се безбедни, сепак ќе ја направат најголемата забава на планетата, додека донираат и пари за добра цел. Концертот успеа да собере над 450 илјади долари за помош на медицинските лица, имигрантските заедници и работниците во градот.

Гета во изјавата за E! News вели:

  • „Њу Јорк е еден од моите омилени градови и се чувствувам почестено што можам да му помогнам на градот во овие тешки времиња. Како диџеј, толпата е најважниот дел од мојот концерт и иако не можеме да бидеме заедно на некој фестивал или во клуб, можеме да се здружиме на различен начин и да им помогнеме на оние на кои им треба.“

Протестите поради убиството на Џорџ Флојф што се случуваат низ цела Америка не беа заборавени од Гета.

  • „Светот поминува низ тешки времиња во моментов. Исто и Америка. Затоа претходната вечер, знаејќи дека ќе го правиме ова снимив посебен албум…тој е во чест на Џорџ Флојд. Навистина се надевам дека ќе видиме повеќе единство и мир, особено во вакви тешки времиња. Ја поздравувам неговата фамилија.“ – изјави тој на почетокот на стримот.

Гета потоа пушти трака која беше ремикс на говорот на Мартин Лутер Кинг во 1963, „Јас имам сон“. Тој додаде дека сите ние имаме ваков сон, и им порача на сите што гледаат да не го заборават Џорџ Флојд, и да се надеваат дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се случи.