4 август, 2020

Во промоцијата на нејзиниот нов подкаст, познатата 57-годишна актерка сподели фотографии од бањата каде се наоѓа кауч. “Возбудена што конечно ќе го споделам она што го работам. Првата епизода од #DirtyDiana излегува во понеделник, 13 јули”, напиша таа покрај фотографијата на која седи на каучот, со лаптоп на масичката и зад нејзе се гледа и веце школката.

Целата просторија е покриена со тепих, а зад актерката стои мијалник и бројна козметика. Каучот со принт на цвеќе порано се наоѓаше во нејзината дневна соба, судејќи според фотографиите што ги објави за време на карантинот.

На втората фотографија се прикажани и влошки, а до неа стои голема статуа.

„Оваа бања е дефинитивно прогонета“, искоментира еден фан. „Ова е најчудната бања што сум ја видел досега“, „Имам многу прашања“, „Деми ???“, се уште неколку реакции.

Остави коментар

Почетна // Sun Story // Деми Мур објави фотографија од нејзината домашна канцеларија, фановите се ЗГРОЗЕНИ! „Имам толку многу прашања“
Горе