Деп возврати: По поразот на суд, ja тужел својaта бивша за текстот кој го напишала, барајќи ѝ 50 милиони!

3 ноември, 2020
tan2020-11-21131353400-830x0

„Она што најмногу ме загрижува е фактот дека судијата многу се потпре на сведочењето на Амбер Херд и ги отфрли доказите како што се изјави на полицајци, болнички персонал, нејзини поранешни асистенти и други сведоци“, велат адвокатите на славниот актер.

Познатиот холивудски шмекер Џони Деп (56) изгуби правна битка вредна два милиони долари во понеделникот наутро против неговата поранешна сопруга Амбер Херд (34) и британскиот таблоид „The Sun“ откако ги обвини за клевета, а сега проговорија и неговите адвокати по поразот.

Имено, Врховниот суд во Лондон донесе пресуда во корист на актерката, па заклучија дека Деп навистина е „семеен насилник“ и дека тој ја претепал 14 пати за време на нивната врска и брак.

Адвокатите на Амбер коментираат дека не биле изненадени од победата, додека адвокатите на Џони тврдат дека оваа пресуда е „перверзна и збунувачка“, па додадоа:

– Она што најмногу ме загрижува е фактот дека судијата многу се потпре на сведочењето на Амбер Херд и отфрли докази како што се изјави на полицајци, болнички персонал, нејзини поранешни асистенти и други сведоци. Пресудата е полна со недостатоци и би било смешно доколку Деп не се жали на тоа – велат неговите адвокати.

Деп се расправаше со британскиот таблоид „The Sun“ затоа што тие медиуми го нарекоа „семеен насилник“, а Амбер сведочеше заради тоа.

И Деп и Херд презентираа докази за она што беше наречено „судење за клевета на векот“ и двајцата се обидоа да докажат дека другиот всушност бил семеен насилник.

Судскиот процес го привлече вниманието на јавноста ширум Светот поради неверојатните детали за пијанството на Деп, дрогата, насилството, токсичната врска меѓу нив двајца, а главната точка на сето тоа беше кога Деп рече дека Амбер извршила голема нужда на нивниот брачен кревет.

Пресудата на Високиот суд во Лондон се смета како победа на Амбер во „првиот круг“, затоа што Деп ја тужел и за текст што го напишала во „Washington Post“ за семејно насилство, во износ од 50 милиони долари, а тоа судење е закажано за Мај 2021 година во Америка.

Потоа го тужеше Деп за неверојатни 100 милиони долари затоа што рече дека тој и неговиот тим започнале глобална кампања за плукање и „оцрнување на нејзиното име“.