Девојчето од спотовите на Сиа денес е непрепознатливо, а заработува многу повеќе од многу ѕвезди

27 мај, 20200
сиа

Пред неколку години пејачката Сиа решила да престане да се појавува во своите спотови, а главната улога ја имаше малата танчерка со неверојатен талент.

Речиси е невозможно да ги слушаме ChandalierElastic Heart, Big Girls Cry и The Greatest, најголемите хитови на Сиа, а да не го замислиме девојчето во беж трико со перика каква што носи Сиа на настапите, како танцува, глуми, доминира во просторот, прави гримаси, се смее, плаче, хипнотизира…

Малата Меди Зиглер, која Сиа ја одбрала да биде заштитно лице на некои од нејзините најголеми хитови, се појави прв пат во спотот за песната Chandalier во 2014 година. Оттогаш поминаа шест години, а Меди порасна и се здоби со светска слава.

Деновиве нејзините најнови фотографии кружат низ светот, па можеме да потврдиме дека таа станала девојка со неверојатна природна убавина.

Зиглер во Америка се појавила кога имала само девет години и кога учествувала во ријалити шоу Dance Moms. Веднаш се истакнала како дете со огромен талент и уште тогаш заработувала околу 2000 долари по епизода. Наводно заработила 400 илјади долари за време на шесте сезони од ова шоу.

Откако се здоби со светска слава појавувајќи се во спотовите на Сиа, таа соработувала со најпрестижните светски брендови како Марк Џејкобс, Поп-Тартс и многу други и има бројни фанови на социјалните мрежи, па често промовира разни производи.

Освен тоа, напишала и трилогија на основа на мемоари “Дневниците на Меди” кои се прогласени за бестселер според Њујорк Тајмс.

Таа исто така дизајнирала и облека која се продава на една онлајн платформа, но ја рекламира и спортската облека за брендот на актерката Кејт Хадсон, Kate Hudson Fabletic.

Се појавила и во неколку филмови и серии, како во популарниот хит Pretty Little Liars, и наводно досега има заработено околу 5 милиони долари.

Најинтересно е што Меди има само 17 години и што од неа можеме да очекуваме уште многу позначајни потфати и проекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *