Диди објавил план за рап битка со Др.Дре, а фановите се подготвени!

27 април, 2020
didi

Во едно интерву со Фат Џо, Пи Диди најавил потенцијална рап битка меѓу него и Др.Дре! Можете само да замислите нивните фанови со каква возбуда ја прифатија оваа вест и ја споделија насекаде по социјалните мрежи.

Диди потврдил дека со Др.Дре разговарале да се продолжи со нивните серии Swizz Beatz.

Според реакцијата на луѓето тоа би бил епски настан. А Диди изјавил дека постои голема веројатност да се случи.

И самиот Џо не можел да ја скрие возбудата па почнал да повторува:”Го слушнавте ова овде. Го слушнавте во ова шоу”

Пи Диди го споредил Џо со Опра кога ќе слушне ексклузивна вест!

“Џо-пра! Вонрендни вести, Џо-пра”, викал.

И Диди и Др. Дре имаат свои поддржувачи бидејќи рапуваат за двата спротивставени брега, но и двете страни на фанови едвај чекаат да бидат сведоци на вакво нешто.