Дино Мерлин стана дедо прв пат!

22 мај, 2020
мерлин 1

Пејачот Дино Мерлин прв пат стана дедо. Првото внуче го добил пред неколку дена кога неговиот син Хамза Дервишалидовиќ и снаата Џенета Табаковиќ добиле син, на кој му го дале името Незир.

Родителите го крстиле бебето по прадедото Незир, татко на Амела, сопругата на Дино.

Синот на Дино и неговата избраничка се венчале минатата година, по седумгодишна врска. Нивната љубов трае уште од средношколските денови и оттогаш се неразделни.

Мерлин и Амела озвен Хамза ја имаат и ќерката Наида која е насочена кон информатичките науки и интернационална кариера, додека постдипломските студии ги завршува на Оксфорд во Велика Британија.