Додека чекаат да се пребројат гласовите, американците едитуваа видео на кое Трамп ја пее „Bohemian Rhapsody“ придружуван од пијанистот Путин (ВИДЕО)
7 ноември, 2020

Додека чекаат да се пребројат гласовите и да се открие кој ќе им биде претседател во следните четири години, Американците се забавуваат со шеги на социјалните мрежи.
Музичарот Чауш Закарија, познат како Маестро Зиикос, уредуваше делови од говорот на Доналд Трамп за да ја формира култната песна на групата Queen- Bohemian Rhapsody.
Тој го додаде рускиот претседател Владимир Путин да го придружува на пијано, а ги вметна и политичките противници на Трамп Барак Обама, Хилари Клинтон, Берни Сандерс и Ненси Пелоси.
Додека монтажата насмеа многумина, некои се загрижени дека ова го превртува Фреди Меркјури во гроб.