ДОДЕКА Е КРАЛИЦАТА ВО САМОИЗОЛАЦИЈА КЕЈТ ИМА ТАЈНО ОРУЖЈЕ: Оваа популарна грофица се бори кога е тоа потребно!

12 мај, 20200
kejt-midlton

Војвотката од Кембриџ,Кејт Мидлтон и грофицата на Весекс,Софи Весекс ги здружија силите за одбележување на Меѓународниот ден на медицинските сестри за време на пандемијата на корона вирусот.

Според британскиот Мирор, имајќи во предвид дека британската кралица Елизабета Втора е во самоизолација и дека принцот Хари и Меган Маркл ги напуштија кралските должности, од другите членови на кралското семејство беше побарано да му помогнат на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон да извршат службени должности за време на пандемијата на корона вирусот.

Ова е прв голем заеднички проект за Мидлтон и грофицата на Весекс, сопругата на најмладиот син на кралицата, принцот Едвард. Инаку,таа се смета за „тајно оружје“ на кралското семејство во промовирањето на „кралскиот бренд“, поради нејзината популарност и пријатен изглед.

Војвотката од Кембриџ и грофицата разговараа со медицински сестри од седум различни земји на Комонвелтот- Индија, Австралија, Малавија, Кипар, Сиера Леоне, Бахамите и Обединетото Кралство за нивните обврски за време на пандемијата.

Принцот Едвард (56) и Софи Весекс (55) ќе преземат повеќе должности додека кралицата е во изолација во замокот Виндзор, пренесува Мирор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *