Договорот за старателство пропаѓа: „Анџелина ПОЛУДЕ од бес кога го виде!“

11 септември, 2020
f_8707219_1024

Точно околу годишнината од неуспешниот брак, актерот ја однел својата нова девојка во имотот каде се оженил со колешката во 2014 година.

Иако раскинаа уште во 2016 година, односот помеѓу Бред Пит и Анџелина Џоли сè уште е нарушен. Ситуацијата, пишува „Дејли меил“, неодамна се влоши до тој степен што поранешните сопружници нагло ја прекинаа семејната терапија пред судењето за старателство над нивните шест деца закажано за следниот месец.

UsWeekly тврди дека Пит и Џоли повторно жестоко се расправаат околу распределбата на времето што секој треба да го помине со Пакс (16), Захара (15), Шајло (14) и 12-годишните близнаци Нокс и Вивиен. На најстариот син, 19-годишниот Медокс, му е дозволено да избере со кого сака да биде во контакт, а тој, се шпекулира, веќе некое време не сака да го чуе или види татко му.

Бред сака делумно физичко и законско старателство над децата, но Анџелина не сакаше да ги прифати неговите услови. Актерката одбива да разговара за договорот за старателство се додека не се наведе Лос Анџелес како родителска основа за децата. Имено, помладите одат на училиште таму, на што Џоли секогаш се спротивставувала. Покрај тоа, ѕвездата на филмот „Zlurada“ наводно сака да се пресели во Велика Британија со своите деца.

Да потсетиме, парот се венчаше во 2014 година на имотот на Шато Миравал во Прованса. Бред неодамна беше таму со новата девојка, германската манекенка Никол Потуралски (27), поради што Анџелина наводно полуде од бес. Наведениот имот, вклучително и замокот и лозјето, го купија Пит и Џоли во 2011 година за 60 милиони долари.

– Тој знаеше што прави – точно околу годишнината од бракот со неговата поранешна сопруга, тој ја однесе својата нова девојка Никол во Шато Миравал … Едноставно не му е гајле дали Анџелина ќе дивее, но се очекува дека тоа ќе го направи – изјави извор близок на славниот актер.

escort - Korsan taksi