Доли Партон планира повторно да позира за Плејбој во пресрет на нејзиниот 75-ти роденден: „Не планирам да се повлечам“

7 октомври, 2020
доли

Доли Партон конечно ги потврди гласините за позирање за Плејбој пред нејзиниот 75-ти роденден. Светската дива во радио емисијата на Скот Милс и Крис Старк на BBC Radio 5 рече:

“Па, има некоја вистина во тоа … Јас би можела. Ако сè може да се направи со доза на вкус и ако тоа им одговара на нив и мене, би можела да го сторам тоа и да го придружам со добро интервју. Така, да, можно е, рече Партон, предизвикувајќи ентузијастички реакции од слушателите, пренесува Vanity Fair.

Пејачката првпат позираше за ова списание во 1978 година, а во март, во интервју за 60 минути Австралија, се пошегува дека може да го повтори изданието на идна поза.

“Не планирам да се пензионирам. Навршив 74 години и планирам уште еднаш да бидам на насловната страница на Плејбој …”, рече таа отворено. Таа исто така рече дека градите и понатаму се исти, и ова ќе и биде можност да покаже нови тетоважи.

На социјалните мрежи многу љубители на музичката дива со долгогодишно искуство на сцената ја коментираа нејзината одлука на позитивен начин. Во време кога жените се „отпишуваат“ пред пензија, ставот на оној што ја надминал границата за „прифатливост“ и нејзината самодоверба се вистинско освежување.

escort - Korsan taksi