Дури и ѕвездите се судираат, а од нивните судири се раѓаат нови светови: Легендарниот говор на Чарли Чаплин за среќата!

4 ноември, 2020
73252_carli-caplin_ls

Говорот на комичарот Чарли Чаплин на неговиот 70-ти роденден со право се смета за еден од најдобрите говори досега.

“Кога почнав да се сакам себеси, сфатив дека тагата и незадоволството се само предупредувачки знаци дека живеам против мојата сопствена вистина. Денес тоа го нарекувам „Да бидеш свој”.

Дури и кога знаев дека не е вистинското време и таа личност не беше подготвена за тоа; дури и кога таа личност бев јас! Денес тоа го нарекувам „Самопочитување“. Кога почнав да се сакам, престанав да копнеам по некој друг живот и одеднаш сфатив дека животот што го живеам сега ги дава сите можности за раст. Денес тоа го нарекувам „Зрелост“.

Кога почнав да се сакам, сфатив дека сè се случува со причина, во вистинско време и на вистинско место, само зависи од мене да бидам смирен во секоја ситуација. Сега тоа го нарекувам „Самодоверба“. Кога почнав да се сакам, престанав да го крадам своето време и да сонувам за големи идни проекти.

Денес, го правам само она што ме прави радосен и среќен, она што го сакам. Јас го правам тоа како што сакам и со свое темпо. Денес тоа го нарекувам „Едноставност“. Кога почнав да се сакам, се ослободив од сè што му штети на моето здравје – храна, луѓе, работи, ситуации. Сè што ме натера да се тргнам од мојот пат. Денес тоа го нарекувам „Љубов кон себеси“.

Кога почнав да се сакам, престанав да бидам секогаш во право. Оттогаш, сè помалку грешам. Денес тоа го нарекувам „Скромност“. Кога почнав да се сакам, престанав да живеам во минатото и да се грижам за иднината. Денес живеам само во сегашниот момент и тоа го нарекувам „Задоволство“.

Кога почнав да се сакам, сфатив дека мојот ум може да ме повреди, дека може дури и да ме разболи поради тоа. Но, кога успеав да го поврзам со моето срце, тој веднаш стана мојот вреден сојузник. Денес тоа го нарекувам „Мудрост на срцето“.

Повеќе не треба да се плашиме од расправии, конфликти, проблеми со нас самите и другите луѓе. Дури и ѕвездите се судираат, а од нивните судири се раѓаат нови светови. Денес знам дека тоа е – Животот.