ДВЕ ПЕЈАЧКИ ИЗНЕСУВААТ ШОКАНТНИ ТВРДЕЊА ЗА НЕГО, А ТАА ГО БАКНУВА: Млада актерка фатена со колега кој е обвинет за насилство

23 декември, 2020
313385_profimedia0577622940_ff (1)

Актерот се подготвува за судењето во врска со тужбата за насилство поднесена од неговата поранешна девојка во прегратка на убава актерка и ќерка на позната дива …

Минатата недела пејачката на ФКА, Твигс (32) поднесе тужба против актерот Шаја Лебаф (34) и изнесе низа вознемирувачки обвинувања. Тој наводно ја малтретирал физички и емоционално и свесно и пренел сексуално пренослива болест, а потоа се огласил пејачката Сиа (45), откривајќи дека Шаја ја излажал дека може слободно да стапи во контакт со него иако има девојка.

Додека американската јавност се занимава со овој и бројни други скандали во кои е вмешан Шаја, тој се чини дека не се грижи премногу и ужива во прегратките на својата нова девојка.

Според странските медиуми, станува збор за Маргарет Куали (26), перспективна актерка и ќерка на славниот Енди Мекдауел.

На Маргарет очигледно не ѝ пречат споменатите обвинувања, па папараците пред неколку дена го сликаа среќниот пар кој разменува нежности во Лос Анџелес. Лебаф ја чекал актерката на аеродромот, а таа паднала во неговите раце, по што тие се прегрнале, се бакнале, се милувале, а тој потоа го зел нејзиниот куфер и го однел до автомобилот, каде нежноста продолжила сè додека парот не заминал во непозната насока.

Шаја и Маргарет, наводно, се запознале на снимањето на краток филм кој ја следи песната Love Me Like You Hate Me од сестрата на Маргарет, Рејни Квали.