Двете најмодерни сестри во светот, истовремено ги красат насловните страни на “Vogue”

3 јуни, 20200
2f1e4bc57319d7cbf5345a4b964293f3

Џиџи и Бела Хадид, добија единствена прилика да се појават истовремено на две различни насловни страни на францускиот Vogue.

Нивните обожователи уште пред одредено време ги нарекоа “најмодерните сестри во светот” и токму поради тоа станаа перфектни кандидати за единственото француско издание на магазинот Vogue Paris.

Уредникот на францускиот Vogue, Емануел Алт, изјави:

  • Во овој меѓупростор на нестабилности, кадешто анксиозноста е зголемена, а непознатото владее, ова издание на Vogue Paris, го слави, повеќе од било кога, она што го знаеме и сакаме.

Бела Хадид, на насловната страна носи бел, проѕирен фустан од колекцијата пролет – лето на Dior, додека на рацете носи златен накит и има темна “smokey eye” шминка.

Од друга страна, нејзината сестра Џиџи Хадид, носи златен “Dolce & Gabbana” фустан со реси од есенската колекција за 2020та година, крупен накит и виолетова сенка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *