Џастин Бибер проговори искрено за својот живот: „Имаше моменти кога навистина бев речиси самоубиствен“

8 ноември, 2020
d9d3456a7c8badf470ac

– Се прашував „Човече, дали таа болка некогаш ќе исчезне?“. Беше толку конзистентно, болката беше толку постојана. Само страдав. Подобро да не чувствувам ништо од тоа, рече Џастин во документарецот достапен на платформата YouTube.

Една од најголемите поп-sвезди на денешницата, канадскиот пејач Џастин Бибер, во својот нов документарец „Џастин Бибер: Следното поглавје“ зборуваше за неговиот живот, но и за проблемите што го мачеа во текот на неговата кариера.

– Мислам дека имаше моменти кога бев навистина, навистина самоубиствен. Се прашував „Човече, дали таа болка некогаш ќе исчезне?“. Беше толку конзистентно, болката беше толку постојана. Само страдав. Подобро да не чувствувам ништо од тоа, рече Џастин во документарецот достапен на платформата YouTube.

Документарецот им дава на обожавателите увид во животот на Бибер во време без преседан во историјата. Не можејќи да го промовира својот албум на вообичаен начин и мораше да ја откаже турнејата поради ограничувања поврзани со COVID-19, пејачот го искористи филмот да влезе во значајни разговори со пријатели и соработници, како и да размисли за неговиот музички раст и личност во текот на изминатата деценија на неговата кариера.

Во еден од најсрдечните моменти на документарецот, Бибер дискутира за инспирацијата и процесот на размислување зад неговиот последен сингл „Lonely“ со Бени Блан. Песната ги комбинира чувствата на осаменост и изолација што пејачот ги чувствува уште од тинејџерските години како една од најголемите светски поп-ѕвезди.

– Само сакам да ги охрабрам луѓето. Ако се чувствувате осамено, зборувајте за тоа. Кажете го тоа гласно, рече пејачот, кој веќе две години е во брак со манекенката Хејли Болдвин.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris