Џеј Ло рони солзи додека ја снима глетката од својата куќа на својот роденден, а изненадувањето од вереникот е посебна приказна
-Плачам солзи радосници! Ви благодарам за најубавиот ден – напиша таа.
Џенифер Лопез наполни 51 година на 24то јули, во што тешко може да се поверува кога ќе се погледне било која нејзина фотографија, без разлика дали на неа е облечена или разголена.
Семејството совршено ја украсила куќата за денот на Џенифер, а нејзиниот вереник Алекс Родригез се погрижи за декорацијата да биде совршена.
Следеа бројни честитки и поклони, а латино дивата сними дел од домот кој беше преполн со цвеќиња и подароци.
-Плачам солзи радосници! Ви благодарам за најубавиот ден – напиша Џеј Ло на снимките.
Инаку: Алекс на својата драга и го честиташе роденденот со зборовите: “Среќен роденден, кралице моја! Со снимка од нивните најубави моменти, меќу кои е и фотографијата од нивното запознавање.