Џеј Ло во впечатливо издание го привлече вниманието на минувачите! (ФОТО)

18 декември, 2020
237433_dzej-lopez_ls

Познатата актерка и пејачка е фотографирана по посетата на клиника која се грижи за нејзината кожа на лицето

Џенифер Лопез (51) е фотографирана пред клиниката за дерматологија во Беверли Хилс, откако отишла на третман за убавина.

Латино дивата е во шестата деценија и се грижи за својот изглед и изгледа подобро од многу помладите жени. За оваа рутина за убавина, пејачката и актерката избра необично издание, кое предизвика големо внимание кај минувачите.

Прошета во долг фустан со едноставен крој, во кој не сме навикнати да ја гледаме. Фустанот го комбинираше со црни чизми и капа со исто така импресивен дезен, со незаменливата заштитна маска, овој пат во црно.

Таа го заокружи стајлингот со цегер со потпис на Диор, кој има животински мотиви.

escort - Korsan taksi