Џенет Џексон има трауми од детството: Братот Мајкл психички ја трауматизирал!

17 мај, 20200
jenet jekson1

Сестрата на починатиот Мајкл Џексон, Џенет Џексон, го прослави својот 54-ти роденден. Таа е најмалото дете во семејството Џексон, а својата кариера ја започна во седумдесеттите со своите браќа и сестри. Денес таа е милијардер, но нејзиното големо богатство не ја направи, како што повеќе пати изјави, целосно среќна. Имено, Џексон е трауматизирана уште од детството заради нејзиниот татко Џо, но и од нејзиниот брат Мајкл.

– Не се осмелив да го наречам татко ми „тато“. Ми велеше дека тој е Јосиф за мене. Јас бев дете и тоа ужасно ме погоди. Покрај неговите омаловажувања, морав да ги трпам и навредите на мојот покоен брат Мајкл. Честопати ме нарекуваше свиња и крава. Некои би рекле дека браќата и сестрите на овој налин се шегуваат меѓусебно и дека сетоа тоа е симпатично, но мене не ми беше воопшто смешно. Многу ме погодуваше. Јас буквално удирав со главата во ѕид, затоа што во детството воопшто не се чувствував привлечно “, вели Џенет, додавајќи:

– Имаше навистина многу болка во мојот живот. Дури и денес, не сум задоволна од изгледот, но сега не ја удирам главата во ѕид, сега знам како да се справам со тоа. Сепак, на крајот на краиштата, знам дека татко ми ме сакаше, само тој тоа го покажуваше на поинаков начин. Отсекогаш сакав да бидам силна како мајка ми, но не знаев дали можам да го сторам тоа. Проживеав пеколи и некои проблеми разбирам подобро од психолог.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi