Џенифер Анистон донираше неверојатна сума на пари за борба против расизмот

7 јуни, 2020
skynews-jennifer-aniston-variety_4804195

Американската глумица ѝ донираше милион долари на хуманитарната организација Color of Change во знак на солидарност.

Изреволтирана од смртта на Џорџ Флојд, Анистон реши да го направи овој чекор, а на својот Инстаграм профил напиша:

  • “Оваа недела беше потресителна, oд многу причини, за сите нас. Мораме да признаеме дека расизмот и бруталноста во нашата земја траат долго – а, тоа НИКОГАШ не може да биде во ред. Како сојузници, кои сакаме еднаквост и мир,  наша одговорност е да го кренемe гласот, да бараме правда и повеќе од сè – да шириме љубов! Уште колку време треба да преоѓаме преку тоа? Уште колку време?”