Џенифер Анистон и Џерард Батлер се приклучија на сексуален култ

10 ноември, 2020
BeFunky-collage

Не се покажа како што тие замислуваа

Холивудската миленичка, 51-годишната Џенифер Анистон беше во кратка врска со актерот Џерард Батлер, кој беше една година помлад, во 2010 година, кога наводно се приклучија на контроверзниот и мистериозен сексуален култ NXIVM, пишува National Enquirer. Извор поврзан со поранешната двојка открил дека актерите оделе на воведните предавања на NXIVM затоа што сметале дека е добро за создавање нови деловни и социјални врски, но не „влегуваат подлабоко“ во култот затоа што не биле подготвени да се посветат до степенот што се бара од нив.

Џерард и Џенифер, кои ја играа поранешната брачна двојка во филмот „Bounty Hunter“, наводно немале идеја во што се впуштаат кога се приклучија на култот, а сега наводно се срамат да го признаат тоа јавно. Култот NXIVM е основан од извесен Кит Рениер кој беше обвинет во 2017 година за принудување жени, вклучително и неколку холивудски актерки, да станат секс-робови. На крајот беше осуден на 120 години затвор за мито, уцена, изнуда и силување.

Да потсетиме, поранешната сопруга на Бред Пит и sвезда на филмот „300“ започна да оди откако искри почнаа да летаат меѓу нив за време на снимањето на филмот „Bounty Hunter“. Врската не траеше долго, но пред два месеци магазинот „Star“ напиша дека поранешната двојка повторно започнала да се дружи откако актерот ја раскинал врската со својата девојка Морган Браун. Наводно, Џенифер започнала да излегува со неколку мажи, а Џерард е само еден од нив, па гласините дека ќе бидат повторно заедно треба да се земат со зрно сол.

escort - Korsan taksi