Џенифер Анистон ја покажа својата друга страна и и рече на Кортни Кокс да не замара

22 август, 20200
Annotation 2020-08-22 003920

ЏЕНИФЕР АНИСТОН и Кортни Кокс играа билијард и споделија видео од играта на социјалните мрежи.

Актерките најпознати по своите улоги како Рејчел Грин и Моника Гелер во серијалот „Пријатели“ добро се забавуваа, а Џен дополнително ги загреа работите со тоа што ја покажа својата натпреварувачка страна.

Во еден момент Кортни ја советуваше Џенифер каде да ја погоди топката за да ја вметне во вистинската дупка.

„Не замарај“, рече Џенифер која очигледно не сака да губи.

„Едноставно немам играно долго време“, се правдаше актерката.

Видеото е прегледано повеќе од два милиони пати.

„Најдобрата објава досега“, „Ова ми го поправи денот“, „Двете сте толку симпатични“, коментираа ентузијастичките фанови.

Џенифер неодамна вети дека долгоочекуваното повторно снимање на Пријателите ќе биде уште повозбудливо и забавно, и покрај тоа што е одложено до 2021 година.

“Ќе биде супер. Знаете што? Ова, исто така, ни даде повеќе време да го направиме уште повозбудливо и забавно отколку што би било. Нема да одиме никаде. Никогаш нема да се ослободите од Пријатели. Џенифер се пошегува во интервјуто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi