Џенифер Анистон поради Бред Пит реши да побара помош од гатачка

15 јуни, 20200
profimedia-0030001363

Гласините за обновената романса помеѓу холивудскиот пар Џенифер Анистон и Бред Пит, не престануваат да се шират. Меѓутоа, во последно време, во целата приказна се најде и aктерката Алиа Шоукат, за којашто многу велат дека е новата љубов на овој актер.

Дали да му се врати повторно на истиот партнер, којшто ја изневери, за којшто и понатаму се зборува дека има повеќе љубовници…се само дел од прашањата кои ја мачат Џенифер, поради што таа се одлучи да побара помош од “виша сила”.

“Му се обрати на спиритуалното водство. Иако повторно се зближи со Бред, треба да се зближи и со самата себе. Секојдневно се бори со прашањата дали да му даде втора шанса, а кажано и е дека постои голема шанса таа и Бред да успеат како пар. Сè што треба да направи, е да остави нештата да се одвиваат по својот природен пат, да ѝ дозволи на позитивната енергија да го направи своето и да верува дека судбината е на нејзина страна” – открива извор близок на познатата актерка.  

Потсетуваме, славниот пар беше во брак од 2000та до 2005та година, кога нивната љубов доживеа крај и тоа поради Анџелина Џоли, којашто глумецот ја запозна на снимањето на филмот “Mr. and Mrs. Smith”. Но, во последно време, парот го обнови контактот, па американските таблоиди не престануваат да пишуваат за нивната наводна обнова на старата врска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi