Џенифер Анистон за првпат во јавноста по 8 месеци, а погледот кон неа не е баш пријатен

23 октомври, 2020
jennifer-aniston-dzenifer-aniston-830x0

Холивудската миленичка беше фотографирана во јавноста за прв пат по осум месеци

Американската актерка и продуцентка Џенифер Анистон (51), која се прослави со улогата на Рејчел Грин во хумористичната серија „Пријатели“, беше видена во јавноста за прв пат по осум месеци.

Имено, актерката не ја напушти својата вила вредна 21 милиони долари на Бел Ер, од моментот кога парохијата на корона вирусот започна да се шири низ Америка.

Таа последен пат се појави во јавноста на прославата на нејзиниот 51 роденден во февруари годинава, а после тоа папараците никогаш не ја видоа и не ја фотографираа.

Минатата година Џенифер ѝ порача на јавноста дека не ѝ пречи да поминува многу време дома и дека навистина ужива и го наоѓа својот мир таму, а колку сериозно мислеше тоа докажува и фактот дека не излегла од дома од февруари.

Фотографите сега ја фотографираа во опуштено издание, додека таа извршуваше многу обврски, а таа беше облечена во сива тренерка, бели патики и црно палто. Носеше очила за сонце и маска за лице, а имаше и сива шамија. Косата и беше разбушавена, а во раката носеше очила за вид.

Таа оваа година гостуваше во многу емисии, но само преку Интернет и во онлајн емисии.

– Сакам да сум дома и понекогаш целосно се изолирам. Не ме сфаќајте погрешно. Многу ми е пријатно дома и сигурно не ми е тешко да бидам целосно исклучена од светот – рече таа во едно интервју пред една година.

Да потсетиме, пред десет години, Холивудската миленичка купи вила која има две крила и базен со градина, а која ја претвори во мал рај со поглед на океан. Живееше таму и со нејзиниот поранешен сопруг Џастин Теру (49), со кого беше во брак од 2015 до 2017 година.

Некои обожаватели тврдат дека актерката се повлекла не само поради пандемијата на корона вирусот, туку и затоа што била многу разочарана кога нејзиниот прв сопруг Бред Пит најде нова, многу помлада девојка, Никол Потуралски. Иако во јануари годинава сите странски медиуми напишаа дека Џенифер и Пит се смириле во емотивна смисла, по доделувањето на наградите „SAGA“, се чини дека тоа не е случај.

escort - Korsan taksi