Џенифер Лопез најавува враќање на еден тренд од ’90-тите

26 мај, 20200
61890027

Пеачката Џенифер Лопез и покрај карантинот е во форма и при тоа добро се забавува. Таа е љубител на фитнесот и аеробикот како и танцот, а учествувала и на TikTok предизвикот каде танцува облечена во удобни панталони кои се носеа во 90-тите.

Предизвикот беше дел од шоуто The Tonight Show, а освен Џенифер заиграл и водителот Џими Фелон обидувајќи се да ги повторат движењата кои се појавувале на апликацијата.

Таа играла во својот двор, а на себе имала зелена комбинација составена од спортски панталони и кроп топ, како и зелени патики. Стилот на пеачката не потсети на стилот од 90-тите кога се носеа панталони на ластик со врвци и широки ногавици, како што и самата се појави на еден од нејзините спотови од тоа време „If You Had My Love“. Сите го обожаваа овој стил поради удобноста и практичноста, а со сигурност доколку се врати ќе бидеме пресреќни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *