Џенифер Лопез објави фотографија која ги полуде фановите и собра 2 милиони лајкови!

7 декември, 2020
1362667


Џеј Ло во интервјуата секогаш истакнува дека ја зајакнуваат нејзините деца, денес 12-годишните близнаци Ема и Макс, од бракот со музичарот Марк Ентони, од кого се разведе во 2011 година, но тие останаа пријатели.


Латино дивата е грижлива мајка и секогаш кога тоа ќе го дозволат нејзините деловни обврски, ужива да се дружи со своите деца.

Џенифер (51) на својот Инстаграм профил објави фотографија која ги воодушеви сите, па за кратко време симпатичниот пост собра повеќе од 2 милиони лајкови.


Позираше со своите деца кои седат во нејзиниот скут, а покрај фотографијата напиша: „Ми се допаѓа што тие сè уште сакаат да седат во скутот на мама. Среќна сабота ‘.