Џенифер Лопез сè уште не може да го заборави скапоцениот прстен кој го добила од Бен Афлек!

27 април, 20200
џен

Џенифер Лопез беше главна тема во цел Холивид кога во 2002 година нејзиното тогашно момче Бен Афлек и стави на раката огромен веренички прстен.

Дотогаш никој не видел таков прстен кој се истакнувал со своите 6 карати и блескал во илјадници розеви нијанси, за кој Бен издвоил ни помалку ни повеќе, туку 1,2 милиони долари.

Сепак, ни тоа не помогнало да се спаси нивната врска и да бидат среќни до крајот на животот, а денес 50 годишната пејачка по врската со Бен беше во врска со Mарк Ентони со кој има близнаци, а сега е свршена со бејзбол играчот Алекс Родригез, но се чини дека не може да го заборави скапиот прстен од Бен.

Така, во текот на едно интерву изјавила дека го обожавала прстенот. Темата се начнала кога водителот ја прашал што прави во карантин, а таа му одговорила дека гледа филмови со Барбара Стрејсенд кои ги гледала додека била верена со Бен.

Таа и Бен никогаш не се земаа зашто ја раскинаа веридбата во 2004 година, а Бен една година подоцна се ожени со актерката Џенифер Гарнер со која има три деца и се разведе во 2018 година.

А дека Џенифер навистина има среќа со дијамантите се покажало и во 2019 година кога исто така добила убав веренички дијамантски прстен од сегашниот вереник Алекс Родригез, кој чини повеќе од еден милион долари.

Парот ја планираше и својата венчавка која се одложи поради коронавирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *