Џенифер Лопез: Срцето ми е скршено

18 август, 20200
Annotation 2020-08-18 162006

Џеј Ло и нејзиниот партнер Алекс Родригез ги прославија своите родендени во јули, но тоа не беа единствените причини за славење. Имено, тие беа задоволни од веста дека настапот на пејачката на годинашниот „Super Bowl“ беше номиниран во дури четири категории за престижната награда „Еmmy“ што ја даваат телевизиските професионалци.

Џеј Ло на споменатиот настап пееше со нејзината ќерка Ема, а сега ја објасни причината за нивниот заеднички настап.

„Нашата изведба не беше водена од намерата да ја направиме Ема популарна, туку беше начин заедно да ги правиме работите што не поврзуваат. Тоа не значи дека ќе ја водам на сите настапи сега или дека ќе ја принудам да пее, иако многу луѓе ме прашуваат за тоа. „Пеењето е едноставно нешто што не зближува нас две“, рече таа.

Сепак, покрај бројните прослави, оваа година не можеа да ја одбележат најважната работа, а во тоа ги спречи пандемијата на корона вирусот. Џеј и Алекс требаше да се венчаат ова лето, а сè беше осмислено за нивната свадбена церемонија, која ја одложија до понатамошно забележување, а пејачката не крие колку и е тешко заради тоа.

„Мене срцето ми е скршено што моравме да ја одложиме свадбата затоа што имавме неколку одлични планови за тој настан, но исто така верувам дека Бог има поголем план, затоа само треба да почекаме и да видиме како ќе се одвива ситуацијата. Секако, сето ова е разочарувачки затоа што по „Super Bowl“ и крајот на снимањето на филмот „World of dance“, сакав да земам одмор од се за целосно да се посветам на планирање на свадбата, а сега сè е на чекање “, се пожали Лопез.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *