Џенифер Лопез УБИВА како изгледа, но сепак сите ја коментираат нејзината висина: „Главата ѝ е до рачката на комбето“

Џенифер Лопез ги воодушеви обожавателите со фантастична облека, но сите сепак ја коментираат нејзината висина
Латино дивата Џенифер Лопез (51) и нејзиниот вереник Алекс Родригез (45) беа фотографирани како излегуваат од приватен авион откако пристигнаа во Мајами од Њу Јорк.
Имено, Џенифер и Алекс беа на кратко патување во Њу Јорк, и покрај новиот бран на пандемијата на корона вирусот, а обожавателите им замерија што воопшто патуваа, бидејќи Лопез беше една од првите јавни личности што ги повика фановите да останат дома за да спречат ширење на Ковид-19.
Славната двојка е фотографирана во многу стилизирани комбинации на облека, а обожавателите велат дека и покрај сè, Џенифер изгледа фантастично.
Иако ова лето наполни 51 година, обожавателите велат дека латино дивата изгледа барем 15 години помлада и го фалат изгледот на нејзиното лице и секси тело.
За оваа пригода таа носеше црно палто до подот, под кое носеше црн „Шанел“ топ, црна тренерка и бели патики. Носеше црна скапоцена кожна чанта „Хермес Биркин“, додека на очите имаше темни очила за сонце.

Џенифер ја врза косата во опашка, а на ушите носеше сребрени обетки по кои е препознатлива. Иако сите го фалат нејзиниот изглед, има и други следбеници кои велат дека таа е екстремно ниска и дека главата и е на висината на стоп светлото на џипот што го вози.
И овој пат Џенифер на фотографијата направена од папараците изгледа многу ниско и главата е малку повисока од рачката за отворање на вратата на комбето во кое славниот пар се возеше до нивниот дом.

Според податоците на Интернет, таа е висока 164 сантиметри, но сите што ја виделе во живо велат дека во живо е многу пониска.
„Таа е прениска“, „Главата ѝ е на висина до рачката на комбето“, „Таа е ниска, но убава е, ѝ нема рамна“, беа само дел од коментарите на нејзините следбеници кога ја видоа контроверзната фотографија.