Џокер чека прво дете со девојка за која бил убеден дека го презира!

18 мај, 20200
феникс 1

Американската актерка Руни Мара е бремена и го очекува првото дете со оскаровецот Хоакин Феникс.

Јавноста не е многу запознаена со нивната љубовна врска, а парот изминатите два месеци ги поминал во изолација во нивниот заеднички дом во Лос Анџелес.

Информацијата за бременоста ја открил извор близок до парот, додека ПР менаџерите и на двајцата актери одбиле да дадат било каков одговор поврзан со бременоста на Руни Мара.

Парот за прв пат се запознал за време на снимањето на филмот”Her”, но врската не ја започнале веднаш, туку кога повторно соработувале за филмот “Mary Magdalene” во 2018 година.

Набрзо станале еден од омилените холивудски парови и почнале да живеат заедно.

Феникс во едно интервју признал дека на почетокот мислел дека Мара не го поднесува. По некое време приметил дека таа е заинтересирана за него и дека само била срамежлива да го покаже тоа. Исто така признал дека Мара била единствената девојка која ја пребарувал на интернет.

Во јули 2019 тие се вериле. Трачевите за веридбата се ширеле многу пред Мара да биде фотографирана со вереничкиот прстен кога конечно ја потврдиле веста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *