Џони Деп бара 50 милиони долари од поранешната сопруга

19 јуни, 20200
amber-heards-drinking-habits-to-now-be-dragged-into-court-by-johnny-depp-0001

Актерот Џони Деп ја тужеше неговата поранешна сопруга, Амбер Херд, во врска со изјавата од декември 2018 година за „Вашингтон пост“, во која таа тврди дека ја малтретирал.

Имено, тој ги негираше тие тврдења, а во новите документи тврди дека обвинувањата на неговата поранешна сопруга се „комплицирана измама“ и затоа бара компензација во висина од 50 милиони долари, јавуваат странските медиуми.

  • „Деп никогаш не ја малтретирал Херд. Нејзините обвинувања против него од 2016 година се лажни“, се наведува во тужбата.

По разводот, Амбер започна врска со манекенката Кара Делевињ. Патем, Деп ја отфрли можноста за повикување на Кара на суд.

Џони и Херд беа во брак од 2015 до 2017 година, а семејното малтретирање за кое таа зборуваше, наводно се случило во 2016 година кога Амбер имаше афера за една ноќ со Кара, во нивниот стан во Лос Анџелес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *