Џони Деп и се пушта на Анџелина Џоли, а таа е наводно виновна за распадот на неговиот брак со Амбер Херд! Сите во Холивуд ги мразат!

21 ноември, 2020
џони

Џони Деп, наводно, прави се што може за да го привлече вниманието на Анџелина Џоли. Според „Глоуб“, Деп постојано се обидува да контактира со Џоли и ја убедува дека мора да се сретне со него следниот пат кога ќе биде во Лос Анџелес.

Sвездата на „Пиратите од Карибите“ наводно смета дека тој и Џоли се совршен пар затоа што и двајцата не ги сакаат во Холивуд и дека со здружување можат да ги надминат „злобните јазици“.

Извор за таблоидот исто така рече дека Деп пишува песни за Џоли и постојано и дава до знаење дека му паѓа на ум. Поранешниот сопруг на Амбер Херд, исто така, и дава предлози на Џоли за книги и филмови што треба да ги чита и гледа.

Изворот додаде дека Деп се обидувал да се приближи до Џоли дури и откако тие глумеле во филмот „Туристот“ од 2010 година. Во тој период, Анџелина наводно одговарала на мејловите на актерот, а тие исто така флертувале по телефон.

Според таблоидот, ако Деп и Џоли навистина започнале да излегуваат, тоа би било чин на слатка одмазда за нивните бивши.

Да се потсетиме, Деп неодамна го загуби случајот за клевета против „Сан“, откако беше наречен силеџија што тепа жени. Од друга страна, Џоли сè уште е во конфликт со Бред Пит околу старателството над нивните деца, па извор за Глоуб смета дека Анџелина може да флертува со Деп, но тешко дека сака да стапи во контакт со актерот.

Нема докази за ова, но интересно е што во 2017 година беше напишано дека Анџелина и Деп се во врска. Во секој случај, дури и ако Анџелина не помогнеше во раскинувањето на бракот на Деп со Херд, актерите и поранешните сопружници се чини дека дадоа се од себе за да пропадне бракот во секој случај. Плус, кој би останал имун на шармот на убавата Анџелина во каква било врска со неа.